Бизнис
4. July 2019 - 16:28

Приватните пензиски друштва ги чекаат парите од државата

Порамнувајќи се со државата приватните пензиските друштва засега се во минус од околу 20 милиони евра. Досега добиле 18 милиони евра од буџетот за осигурениците за кои не биле уплаќани пари. Но одземени им се 39 милиони по основ на пензиската реформа со која постарите осигуреници се бришат од вториот столб и нивните пари се префрлаат во ПИОМ.

Според скандалот кој пред неколку месеци го обелдени министерката Царовска, а за кој обвинителтвото реши да не поведува постапка, за околу 12.000 осигуреници не биле префрлани пари во вториот столб. Сега со порамнувањето бројката се искачи на 14.000 осигурнеици кои немале уплати на приватните сметки.

„Тогаш беа правени проценки, сега кога с епорамнуваме доаѓаме до овие бројки. И тие ќе се сменат до истекот на рокот до крај на септември“, изјава Дарко Саздов – член на совет на експерти на МАПАС.

Со пензиската реформа е дефинирано родените до 01.01.1967 да бидат префрлени само во ПИОМ затоа што за нив биле неисплатливо да имаат втор столб. Проценката на државата беше дека има околу 28.000 вакви осигурнеици, досега се префрлени над 16.000.

Како ваквото порамнување со државата ќе влиаје на работата на приватните пензиски друштва ќе се знае по истекот на оваа година. За минатата година, нивната работа е оценета како успешна. Кај нив има околу милијарда евра пари на идните пензионери.