Македонија
18. August 2022 - 16:38

Приватниот сектор мака мачи со сметките за струја - Не можат да ги спроведат препораките на владата за штедење

Владините препораки за штедење на струјата – Невозможна  мисија за дел од приватниот сектор. Речиси целиот производствен процес им е на електрична енергија, па  препораките  да не се користи лифт или  да се не принтираат документи , за нив е смешна. Веќе им задава главоболка поскапената струја, па најголем дел од бизнисите стравуваат како ќе ја истуркаат зимата. Велат дека неминовно ќе биде отпуштање на  вработените и клуч на врата кај дел од нив

Јулските сметки им се тројно повисоки. Ако лани во јули хотелите плаќале до 15.000 евра месечно за струја – Сега им стигнале фактори од 100,000 евра. Слична е состојбата и кај помалите бизниси

Во моментов скоро никој не работи за профит. Се трошат старите заштеди или земаат кредит. Бараат од државата ако не може финансиски да им помогне,  барем да ги укине непотребните документи и градежни дозволи за да постават фотоволатаци, како и да го одложи најавенениот данок за реинвестирана добивка