Македонија
26. October 2017 - 17:07

Приватна и јавна безбедност – соработка и партнерство во организација

Приватното обезбедување во Македонија е етаблирано како респектабилна дејност чиј делокруг на работа е квалитетно нормиран, следејќи ги современите трендови и стандарди во секојдневното функционирање. Заедничкиот интерес на МВР и приватното обезбедување, да придонесат во одржувањето на приватната и државната сопственост овозможи да постои беспрекорна соработка со овој сектор, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  на меѓународната конференција „Приватна и јавна безбедност – соработка и партнерство“.

Од Комората за приватно обезбедување велат дека целта на овој сектор е унапредување и професионализација на борбата против сите форми на криминал и загрозување, преку веќе воспоставенмите механизми за соработка.

Приватната и јавната безбедност можат да се спроведуваат само преку заеднички активности на МВР и Комората за приватно обезбедување, но и на научните и образовни институции, истакна деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

Податоците на МВР покажуваат дека во моментов во Македонија егзистираат 136 правни субјекти кои имаат дозволи за приватно обезбедување, во вид на давање на услуги за физичко обезбедување на имоти и лица, 60 дозволи само за техничко обезбедување, а 131 фирма имаат дозволи за обезбедување за сопствени потреби.