Македонија
25. November 2015 - 9:02

Приватен и автобус на ЈСП се судрија кај „Три бисери“ - Повредени патници итно пренесени ви болница

Сообраќајна несреќа утрово се случи на булеварот „Јане Сандански“ наспроти ТЦ „Три бисери“. Судрени се два автобуса, со број три на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус со број 23, кои се движеле од центар кон Аеродром.

Според првичните сознанија, во сообраќајката има повредени лица кои со возила на итната медицинска помош се пренесени на некои од клиниките.