Притворот за Јанева го одложи судењето за Титаник
Притворот за Катица Јанева е доказ дека постои опасност таа да го повтори кривичното дело и во предметот Титаник и затоа е неопходно да прекине судењето. Ова на почетокот на денешното судење го изјави адвокатот Димитар Дангов кој е бранител на обвинетите во предметот Титаник. Според Дангов, со притворот за Јанева ниту обвинителката Лиле Стефанова повеќе нема право да го застапува предметот.
Обвинетиот Илија Димовски, во судницата наведе дека веќе е започната постапка за разгледување на совесноста во работењето на Јанева, постапка која се води пред советот на јавни обвинители и се додека тој не донесе одлука, судењето за Титаник да мирува.
Обвинителката Лиле Стефанова во судницата рече дека таа се уште има овластување ама побара одложување на рочиштето за да може да се произнесе.
-Беа изнесени сериозни околности од одбраната и побараа одлагање на денешното рочиште. Како јавен обвинител сметам дека моите овластувања уште се важечки иако е факт дека Катица Јанева е во притвор, изјави Стефанова.
По ова, судијата Осман Шабани го прекина денешното судење.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас