Притворен скопјанец осомничен за продажба на марихуана и нелегално поседување пиштол
Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Скопје, поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство–Скопје против Б.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од Кривичниот законик на РСМ.
Имено, на 09.10.2019 година во 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на булеварот “Крсте Мисирков“ во близина на трговскиот центар Мавровка било сопрено патничко возило управувано од Ф.Г., а како совозач бил Б.К. кај кого при преглед била пронајдена марихуана и со потврда за привремено одземени предмети била одземена. Истиот ден, по издадена судска наредба од Кривичен суд Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршиле претрес на домот на пријавениот во Скопје. При претресот во подрумските простории пронајдени биле: пиштол марка „P.Beretta - Mod 950 B - Cal. 6.35“ со една празна рамка за истиот, револвер со натпис „ZBrno“ модел Grand, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми нн марка и калибар, 322 куршуми долго зрно и марихуана. Б.К. е приведен и од страна на судија на претходна постпака му е одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица