Притвор за три лица поради поседување дрога
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредби за спроведување на истражна постапка во три одделни предмети оформени против лица кој кои при извршен претрес е пронајдена дрога – марихуана. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Од ОЈО соопштија дека кај еден од осомничените е пронајдена марихуана со тежина од 400 грама која ја криел во куќа на негов роднина. Осомничениот е државјанин на Република Србија, од каде преминал во нашата држава и од 2013 година тука илегално престојува. За осомничениот српските органи имаат распишано меѓународна потерница за сторени други кривични дела.
На второто лице, жител на Гостивар, му се пронајдени 10 грама дрога – марихуана. Во третиот предмет, осомничениот кој е жител на кичевско село, во својот дом криел 29 грама марихуана и 39 семки растителна материја од непознато потекло. Јавниот обвинител донесе наредба за вештачење на пронајдениот материјал.
Основното јавно обвинителство Гостивар до судија на претходна постапка за сите тројца осомничени побара изрекување на мерка притвор, ценејќи дека се исполнети основите. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар ги прифати предлозите и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка