Македонија
4. September 2016 - 11:41

Притвор за тетовчанец осомничен за „производство и пуштање во промет дроги“

Триесетдневен притвор му определил судија во претходна постапка на И.Х. (38) од Тетово откако претходно полицијата против него поднела кривична пријава за недозволиво производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Уште во текот на вчерашниот ден И.Х. бил предаден за издржување на мерката во КПУ Тетово. Инаку тој во петокот околу 17 часот и 50 минути во близина на наплатната рампа кај Желино на автопатот Тетово-Скопје бил запрен од полицијата додека се движел со возило Мерцедес, но откако запрел излегол од возилото и почнал да бега во блиските ниви.

- Полицајците започнале да го бркаат и кога почнале да го достигнуваат тој извадил најлонско ќесе и го фрлил преку некоја ограда. Полицајците успеале да го стигнат, совладаат, приведат и задржат И.Х. во полициска станица во Тетово, а било пронајдено и ќесето во кое имало непозната кафеава прашкаста материја што ќе се вештачи, посочи Јосифовски.