Македонија
7. December 2016 - 13:59

Притвор за свирепиот убиец од Велес

СВР Велес поднесе кривичнa пријавa против Б.Ш. (31) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
 
Од Судија на претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
 
Пријавениот на 5. овој месец на ул. „Васил Ѓоргов“ во Велес со неколку истрели од пиштол марка „Застава ТТ“ калибар 7,62 мм го застрела Т.К (43) од Велес, по што истиот починал.