Македонија
18. May 2018 - 15:52

Притвор за старецот кој се обиде за обљуби девојче (14) во Кичево, му се заканува затвор до 12 години

Јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за 67-годишник, кој е осомничен дека вчера во Гостивар извршил полов напад врз дете на возраст под 14 години.

- Во текот на вчерашниот ден во Кичево, лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. Нападот се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во Министерството за внатрешни работи. За кратко потоа, осомниченото лице кое се дало во бегство било лишено од слобода, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавен обвинител од ОЈО Гостивар донел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 од Кривичниот законик, за кое дело е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.