Притвор за сите 16 обвинети за „27 април“ кои добија затворски казни
Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на Обвинителството за обезбедување притвор на обвинетите во настаните од 27 април во Собранието кои денеска добија вкупно 211 години затвор.
Обвинетите, со исклучок на неколкумина, претходно побараа да бидат ослободени од притвор до правосилноста на пресудата.
Шеснаесет од седумнаесетте обвинетите денеска беа осудени на казни затвор во висина од 7 до 15 години, додека ослободен од обвинение е Игор Дурловски.
Во изјава за медиумите обвинителката Ивана Трајковска истакна дека правдата е задоволена во однос на денешната пресуда и посочи дека откако Обвинителството ќе ја добие пресудата на писмено ќе донесе одлука дали ќе поднесува жалба за пресудите.
Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ – 15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години,
Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка