Македонија
30. March 2018 - 16:23

Притвор за полицаец кој побарал поткуп од странец

СВР-Штип поднесе кривична пријава против 57 годишник со иницијали Л.Б., вработен во министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „поткуп“. Пријавениот во својство на службено лице, пред една недела побарал 300 евра кој си ги задржал за себе, за да не изврши службено дејствие.

-Да не поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок од Законот за странци за кој би му била изречена парична казна од 540 до 1600 евра, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР –Штип

Парите странскиот државјанин на инспекторот му ги предал пред два дена во службената просторија. Според кривичниот законик, член 357, став еден, по кој се терети службеникот на МВР, лицето кое директно ќе побара или ќе прими подарок или друга корист за себе, за да не изврши службено дејствие, се казнува со затвор од 4 до 10 години. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одреден 30 дневен притвор.