Македонија
3. January 2016 - 10:45

Притвор за нишлија што крадел низ Скопје на Нова година

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.П. (44) од Ниш, Република Србија, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела “тешка кражба на особено дрзок начин“и “тешка кражба во обид“за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. 

Кривичните дела пријавениот заедно со уште едно засега непознато лице ги извршиле на 31.12.2015 година во раните утрински часови на улица “Париска“ на подрачје на Карпош.

Имено, првото кривично дело - тешка кражба на особено дрзок начин - во стан пријавениот заедно со Н.Н. лицето го извршиле на тој начин што откако дошле до влезната блиндор врата од станот со употреба на погоден алат ја отклучиле влезната врата од станот и влегле во претсобјето. На шкафчето во предсобјето пронашле една женска чанта која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче земале една машка јакна и незабележани од оштетените кои цврсто спиеле излегле од станот. На одморалиштето ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари, а потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во предсобјето на станот, по што истите го напуштиле лице местото.

Веднаш после извршувањето на првото кривично дело В.П. и непознатото лице дошле до влезната блиндор врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да делуваат на бравата но бидејќи на самата брава имало од внатрешноста клуч од сопственикот, пријавените по неколку неуспешни обиди за да ја отворат заклучената влезна врата, се откажале од намерата и го напуштиле лице местото.

Сторителите биле забележани од оштетениот кој веднаш ја известил полицијата за настанот и од страна на УПС на ул „Бледски Договор„бил фатен пријавениот В.П. и приведен. Во ПС ОН Карпош извршен е разговор со пријавениот кој го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело.