Македонија
21. April 2016 - 19:48

Притвор за две лица од „Транспортер“, на едно одземен пасош

За две лица од случајот „“Транспортер“ судија во претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а за едно лице мерка за обезбедување присуство.

Како што информираат од Кривичниот суд по барање на Обвинителството за гонење кривични дела кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите пред судија на претходна постапка денеска се сослушани три лица.

Предлогот на СЈО е прифатен и судијата одреди притвор за двете лица, а за едното одземање на патна исправа, обврска лицето да се јавува во суд и забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето.