Македонија
24. September 2020 - 18:19

Притвор за четворица осомничени за разбојништво, малолетникот ќе одговара во редовна постапка

По триесет денови притвор добија четворица од петте приведени и осомничени за разбојништво во август во Тетово. Петмината осомничени по вчерашното приведување попладнево биле изведени пред судија во претходна постапка кој одлучил четворицата да одат во притвор, а едниот од нив кој не е полнолетен, да му се утврдува одговорност во редовна постапка.

Четирите лица  И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) кои добија мерка притвор од 30 денови се спроведени за издржување на мерката во казнено поправната установа затвор-„Скопје“ во населбата Шуто Оризари, соопштија од СВР Тетово.

Петмината се сомничат за разбојништво на 9 август кога од стан во градот со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47 годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот.

Вчера, исто така бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци, информираат од СВР Тетово.