Македонија
7. April 2018 - 18:10

Притвор за 12 лица за убиството и повредените пред штабот на ДУИ во Мала Речица

12 лица кривично ќе одговараат за вооружениот инцидент во Мала Речица и убиството на партискиот активист на ДУИ Наип Реџепи. 10 од нив се веќе во притвор, по едно лице полицијата се уште трага, а мерка 30-дневен притвор му е одредена и на 23-годишниот кумановец кој поради тешките повреди и натаму е хоспитализиран на скопските клиники.

7 од приведените лица учесници во инцидентот се членови на една иста фамилија од кумановското село Черкези, но дали причините и мотивот за пресметката се семејни или политички недоразбирања, Јавното обвинителство ќе утврдува за време на истражната постапка.

За расчистување на настанот полицијата извршила претреси на 12 локации во Куманово, а при приведување на осомничените пронајдени се и три пиштоли кои биле употребени во престрелката.