Македонија
27. February 2020 - 11:33

Притвор од 30 дена за гевгеличанецот (23) кој силуваше малолетно девојче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Од страна на судијата на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа - Затвор Гевгелија.

Пријавениот, на 23 овој месец околу 13.00 часот во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз малолетно девојче од Гевгелија.