Македонија
3. August 2018 - 14:11

Притвор и кривична за гевгеличанец за криумчање мигранти

Полициски службеници вчера во 4:00 часот на место викано „Прждевски споменик“ забележале патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки кое со голема брзина се движело во правецот Демир Капија-Неготино.

Возилото било запрено и во него биле пронајдени пет лица од Пакистан и три лица од Бангладеш, а го управувал И.Д. (36) од Гевгелија. 

Возачот и мигрантите биле предадени во Полициската станица Неготино.

Против И.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, а од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.