Пристигна првороденото бебе во 2020 година во Виница
– Три недели по прославата на Нова Година, пристигна првороденото бебе во општина Виница за 2020 година. Се работи за девојче кое веќе го доби името Калина, а на свет ја донесе мајката Симона Соколова, која се породила во болницата во Штип.
Новата рожба, која е втора ќерка за семејството Соколови, ја честиташе градоначалникот на Виница, Ивица Димитров при што врачи пригодни подароци со желби за здравје и среќа на бебето.
– Се надеваме дека првороденото женско бебе годинава во нашата општина ќе донесе плодност и бериќет. Тоа е повеќе од неопходно со оглед на постојаното опаѓање на наталитетот. Од име на Општината подаривме пакет бебешки производи и ваучер од осум илјади денари, истакна градоначалникот Димитров.
Главна причина за падот на наталитетот во Виничко во изминатите две децении е иселувањето на населението во странство, главно млади пред да стапат во брак, но и млади брачни парови.
Трендот на опаѓање на бројот на новороденчиња во Виница го потврдија и од православниот храм „Св. Архангел Михаил“, каде во 2019 година биле крстени 103 бебиња, што е за петнаесетина помалку во споредба со претходната година. Освен тоа, забележан е и пад на бројот на венчавки, па лани биле склучени 52 брака, за десетина помалку во споредба со 2018 година
Ново на Сител
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук