Македонија
5. May 2016 - 8:52

Пристапно предавање на Андраж Чарни во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите пристапно предавање денеска ќе одржи д-р Андраж Чарни, научен советник од Словенија кој беше избран за член на МАНУ надвор од работниот состав. 

Тема на неговото пристапно предавање е „Листопадните шуми на Балканскиот Полуостров“.

По повод пристапувањето на Чарни во МАНУ, воведна реч ќе одржи академик Дончо Димовски, а за научниот придонес на проф. д-р Андраж Чарни ќе зборува академик Владо Матевски.

Андраж Чарни (Љубљана, 1962) ја истражувал вегетацијата во Македонија и регионот повеќе од две децении за што е автор и коавтор на повеќе научни трудови и книги.