Пристапна патека ќе ги спојува улиците „Балканска“ и „Братство и Единство“ во Берово
Во Берово во тек се подготовките за изградба на колско-пешачка патека која ќе ги поврзува улиците „Балканска“ и „Братство и Единство“. Средствата за изградба на оваа улица, како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.
- Преку имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, доделени се средства за реализација на овој зафат, кој е доста значеан за граѓаните од ромска националност кои живеат во овој дел од градот. Оваа активност се реализира по остварените средби со министерот без ресор Аксел Ахмедовски кој задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Преку оваа стратегија во голема мера се влијае на подобрување на инфраструктурните услови во општината, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните од ромска националност како и на сите жители во Општината, рече Пекевски.
Како што информираат од одделението за урбанизам и градежништво, изградбата на колско пешачката патека ќе се реализира по асфалтирањето на улицата „Димитрие Туцовиќ“ чија изградба е во завршна фаза.
Од државниот буџет за реализација на оваа активност се обезбедени 958 илјади денари.
Ново на Сител
-
Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“
-
Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје
-
ОН: Во 2020 изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009
-
Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар
-
Најмногу снег на Попова Шапка - 40 сантиметри
-
Димитров и Османи на средба со Силва: Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Образованието во Македонија со тандемот Царовска - Заев е во целосен колапс
-
Од Брисел нема конкретен рок за пристигање на вакцините, бројот на оздравени поголем од новодијагностицираните