Приштина прогласи за „персона нон грата“ двајца руски дипломати
Косовската претседателка, Вјоса Османи објави денеска дека, на нејзино барање, Министерството за надворешни работи на Косово прогласило за „персона нон грата“ двајца службеници на Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово и започнало процедура за нивно протерување од државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од кабинетот на Османи, прогласувањето за непожелни во Косово на руските дипломати е „поради нивната штетна активност, која е насочена против националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово“.
– Неделава побарав од вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала Шварц, да ги прогласи за персона нон грата двајца службеници во Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово, поради нивната штетна активност, која е насочена против националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово. Денеска МНР донесе одлука за прогласување на тие двајца дипломати за непожелни личности и во исто време ги извести законодавните институции и надлежните авторитети истата да ја извршат, се цитира Османи во соопштението.
Претседателката на Косово во оваа прилика порача дека „институциите на Република Косово се решителни во борбата против малигното влијание на Руската Федерација и нејзините сателити во регионот“, кои, како што вели, „тежнеат да ги урнат достигнувањата“ на Косово, САД, НАТО и ЕУ.
– Поради таа причина ќе продолжиме да соработуваме тесно со нашите американски и европски сојузници, со цел да ја спречиме намерата Косово и нашиот регион да бидат жртви на дестабилизирачките амбиции на Руската Федерација“, порача Османи.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово