Балкан
15. December 2018 - 8:43

Приштина го славеше формирањето на војската - Тачи дојде во униформа

Во Приштина беше организирана свечена церемонија за трансформацијата на КБС, на која присуствуваат Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весељи.
 
Претседателот, премиерот и спикерот на парламентот на Косово прошетаа на црвениот тепих, каде може да се забележи дека Хашим Тачи носи воена униформа.
 
 
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на свечената церемонија во касарната „Адем Јашари“ во Приштина изјави дека е „заокружена државноста на Косово“, бидејќи, како што рече, „војската е столб на државата“ и дека тој е среќен што сега е и „врховен командант“ на КБС.