Природна катастрофа прогласена во Австрија и Германија: Очекуваат уште 3 метри снег
Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме, а алармот поради заканите од лавини е на највисок, петти степен.
Илјадници се без струја или заробени во домовите под дебелата снежна покривка која расте од час во час. Се предвидува дека врнежите нема да престанат до понеделник, а со тоа и проблемите на жителите од Штаерска, Тирол и Салцбург.
Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина, поради што е прогласена вонредна состојба.
Се очекуваат нови три метри снег , иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање. Откажан е и женскот натпревар во скијање , што во сабота и недела требаше да се опдржи во австрискиот ски центар Сент Антон.
Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи, уривање на куќи и застој на патиштата.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата