-->
-->
Прирачник кој ги разбесна жените на Балканот: Послушајте го, намалете ја бучавата и не...
-->
Во далечната 1955 година, објавен е прирачник за жена наречен „Домашна економија“, во ко јсе поделени совети како сопругата треба да се однесува со сопругот.
Ова упатство покажува и каква била состојбата на жената во тоа време, а многумина би рекле и денес.
Следуваат неколку совети од прирачникот, стари само 61 година...
Подгответе ја вечерата на време
Вечерата ја планирате рано наутро или претходниот ден, за да го пречекате сопругот со вкусен и топол оброк кога ќе се врати од работа. Така ќе му дадете до знаење дека мислите на него додека е на работа, но и дека се грижите за негоите потреби.
Подгответе се за сопругот
Одморете се 15 минути пред неговото доаѓање дома, така ќе бидете свежи кога ќе пристигне. Поправете ја шминката, савете панделка на косата, така ќе изгледате посвежо. Вашиот сопруг минал многу време со луѓе кои се уморни од работа. Бидете интересна и весела за него. Неговиот ден бил досаден и му треба малце забава, а дел од вашата должност е да се погрижите за тоа.
Намалете ја бучавата
Кога сопругот ќе се врати од работа, намалете ја бучавата, исклучете ги сите апарати и кажете им на децата да бидат потивки. Со топла насмевка докажете му дека сакате да му ја исполните секоја желба.
Послушајте го
И покрај тоа што можеби имате многу да му кажете, не правете го тоа веднаш по неговот пристигнување. Оставете го тој да зборува, тој сигурно има поважни работи на ум од вас.
И запомнете, добрата жена знае каде е енјзиното место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски