Македонија
22. October 2015 - 17:35

Припадниците на СВР Куманово даруваа 58 крвни единици

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција на која припадниците на Секторот за внатрешни работи уште еднаш ја докажаа својата хуманост, дарувајќи 58 крвни единици.

- Задоволни сме одѕивот на денешната крводарителска акција која ја оценуваме како успешна, изјави Ива Младеновска од општинската организација на Црвен крст Куманово.

СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции во тековна  година, во февруари, јуни и  октомври.

Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Наредната крводарителска акција, најавија од Црвен крст Куманово е закажана за наредната недела, во вторник, на која крв ќе даруваат средношколците од паралелките на албански наставен јазик од „Перо Наков“.