Македонија
6. May 2018 - 16:13

Припадници на АРМ за прв пат учествуваа во воена парада во Софија

Воената парада во Софија оваа година  се разликува по едно нешто , а тоа е учеството, по првпат,  на припадниците на АРМ на прославувањето на Денот на вооружените сили на Бугарија.   

Се работи за  ешалон од Четвртиот механизиран пешадиски баталјон. Во своите извештаи бугарските медиуми овој момент го оценија како историски, а во фокусот им беше и командирот Боро Латковски кој ја предводеше македонската  воена единица. 

Тој изрази задоволство од членството на парадата за која македонските  војници се подготвувале неполн месец.

Припадниците на македонската армија  на парадата учествуваат на покана  од бугарскиот претседател Радев.

На  воената свеченост во Софија  присуствуваше и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.