Принс во својот дом имал многу опијати
Во куќата на починатиот музичар Принс во Минесота се пронајдени многу силни опијати и лекови, стои во судските документи од истрагата за смртта на познатиот пејач.
Според американските таблоиди, сите лекови биле препишани на име на неговиот пријател телохранител.
Медицинските експерти по обдукцијата заклучија дека Принс починал од случајно предозирање и никој не беше кривично гонет поради неговата смрт.
Според извештајот на вештаците, Принс самоиницијативно земал фентанил, опијат неколку пати посилен од хероинот. Неговото безживотно тело беше пронајдено во лифт на неговиот имот.
Судските документи беа чувани во тајност се досега, затоа што обвинителите стравуваа дека потенцијалните сведоци би можеле да избегаат или доказите да ги уништат.
Некои од апчињата кои се пронајдени во домот на Принс биле опијати комбинирани со аналгетик ацетаминофен - хидрокодон. Тој аналгетик се користи при ублажување на болката, ревматичен артритис и кашлање.
Судските документи откриваат дека голем број наркотици се пронајдени во разни садови, вклчувајќи и шишенца за витамини.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан