Балкан
20. February 2019 - 18:38

Принова во српската влада: Се породи партнерката на премиерката Брнабиќ

Партнерката на Ана Брнабиќ, претседателката на Владата на Србија, денеска родила машко бебе во една белградска болница, јавува Блиц.рс.

-Милица Ѓуричиќ на свет донесе машко дете, а породувањето минало во најдобар ред, кратко информирале од Владата на Србија за споменатиот портал кој додава дека детето најверојатно ќе го добие името Игор.