Живот
1. October 2015 - 10:18

Принцот Вилијам спаси девојка повредена во сообраќајна несреќа

Војводата од Кембриџ почна да работи како пилот на хeликоптер на итна помош во јули.

Британката се  повредила во близина на Бедфордшир, откако ја загубила контролата на автомобилот, кој завршил на покривот. Принцот Вилијам (33) и пружил итна помош на самото место.

Освен што управува со хеликоптер, принцот дава и прва помош на повредените. Повредената девојка се опоравува во болница.