Живот
15. February 2021 - 8:49

Принцот Хари и Меган Маркл повторно ќе станат родители

Портпаролот нс принцот Хари и Меган Маркл ја потврди веста за која зборува целиот свет - очекуваат второ дете.

-Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што очекуваат второ дете - стои во соопштението.

Инаку, Меган Маркл ги пофали јавно „дискретните херои“ на пандемијата кои ја поддржувале и помагале во нивнатѕа заедница, во склоп на снимката емитувана на Си-Ен-Ен што е прво нејзџино појавување во јавност откако во јули 2020 година се појави веста дека имала спонтан абортус.