Живот
6. јуни 2021 - 19:03

Принцот Хари и Меган Маркл добија ќерка – ќе го носи името Дајана

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл станаа родители по вторпат.

Новиот член на семејството е малата Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.

Двојката денеска објави соопштение за пристигнувањето на нивната ќерка, која е родена во петокот во Санта Барбара, Калифорнија. И новороденчето и мајката се чувствуваат добро и веќе се во својот дом.

„Лили го носи името на нејзината прабаба, нејзиното височество кралицата, чиј семеен прекар е Лилибет“, се вели во соопштението. „Нејзиното средно име, Дајана, е избрано во чест на својата сакана покојна баба, принцезата од Велс“.

Принцот Хари и Меган Меркл веќе се родители на малиот Арчи, кој пред еден месец наполни две години.