Принцот Чарлс: Грција ми е во крвта
Грција ми е во крвта и со години бев фасциниран од културата и историјата, истакна принцот Чарлс во изјава за „Катимерини“, само еден ден пред неговата официјална посета на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој ја спомена финансиската криза од изминатите години наведувајќи дека сака да и помогне на Грција, особено на младите.
- Знаејќи дека Грција и многу Грци поминуваат тешко во последните години, сакав да најдам начин, па дури и мал и ограничен, за да им помогнам на младите во земјата целосно да го развијат нивниот потенцијал или преку обука или подржувајќи ги да започнат сопствени бизниси. Со оваа тема веќе 42 години се занимава мојата добротворна организација „Принсис траст“ (Prince’s Trust) во Велика Британија, а од неодамна и во странство, посочи принцот од Велс, додавајќи дека можеби искуството „би можело на некој начин да биде корисно за решавање и надминување на предизвиците што пред себе ги има оваа толку посебна земја“.
Од утре почнува тридневната посета на принцот Чарлс и неговата сопруга војвотката Камила, по покана на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, што има за цел да ги уважи силните и вековни врски меѓу Грција и Британија.
Кралскиот брачен пар има богата програма, првите два дена ќе биде во Атина, а последниот ден ќе замине за грчкиот остров Крит.
Во грчката престолнина предвидено е утре, по слетувањето на атинскиот аеродром, да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак, пред грчкиот парламент, да одржат протоколарни средби со претседателот и премиерот на Грција, Прокопис Павлопулос и Алексис Ципрас, додека пак во вечерните часови грчкиот претседател во чест на принцот и војвотката ќе приреди официјална вечера.
В четврток, кралскиот брачен пар ќе се сретне со грчкиот архиепископ Јеронимос, по што Чарлс и Камила ќе имаат одделни програми.
Принцот Чарлс ќе има низа активности и средби поврзани со поморството и соработката на Грција и Велика Британија во оваа област.
Третиот и последен ден од посетата, кралскиот брачен пар ќе го помине на грчкиот остров Крит, каде што ќе посетат археолошки локалитети, невладина организација што учествува во проект за интеграција на бегалците во локалното општество, ќе поразговараат со волонтери и мигранти, а пред да си заминат од Крит и Грција, ќе присуствуваат на традиционална критска прослава со културни активности и критски производи.
Ова ќе биде втора официјална посета на Грција на принцот Чарлс и војвотката Камила.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено