Џет-Сет
2. October 2017 - 9:08

Принцези на тато: Јована му роди близначки на Жељко, тој откри како ќе се викаат

Водителката Јована Јоксимовиќ се породи синоќа, непосредно по полноќ во Белград и на свет донесе близначки.

Јована и Жељко го имаат синот Коста кој има 3,5 години, а на малечкиот сега друштво ќе му прават две сестри.

Гордиот татко за приновата во семејството се пофали на социјалните мрежи и откри како ќе се викаат: 

-Светот од денес е побогат за две девојчиња, Ана и Срна. Добредојдовте драги наши принцези- напиша Жељко на Твитер, по што доби честитки од фановите.