Живот
2. May 2016 - 12:40

Принцезата Шарлот го слави првиот роденден

Шарлот Елизабет Дајана е родена на 2 мај 2015 година, а Кејт Мидлтон денеска објави четири фотографии од малото девојче, со цел да го одбележи роденденот на својата ќерка. 

- На војводата и војводката им е многу мило што со светот можат да ги поделат овие важни семејни моменти и се надеваат дека сите ќе уживаат во овие прекрасни фотографии, изјави портпаролот на Вилијам и Кејт.

Приватноста на принцезата Шарлот се чува мошне внимателно,  така што девојчето лани е покажано само еднаш во јавноста, за време на крштевањето.