Принц Вилијам: Џорџ е „ѓаволче“, а Шарлот ме учи како е да се има девојче во семејството
Во интервју за виетнамското ТВ шоу „Ток Виетнам“, принцот Вилијам зборуваше и за предизвиците кои ги носи родителството и семеејниот живот. Тој призна дека животот драстично му се сменил откако станал татко.
- Како што можат да посведочат родителите што се наоѓаат во студиото, постојат преубави моменти, и добри и лоши. Тоа за мене беше голема промена, изјави принцот.
Тој рече дека е многу среќен поради поддршката која ја добива од неговата сопруга Кејт Миделтон, иако призна дека му било тешко да се навикне на брачниот живот.
- Се борев од време на време. Кога независен маж ќе влезе во брак и набрзо после тоа ќе добие деца, тоа е животна промена. Ги сакам своите деца и токму преку родителството научив многу нешта за себе и своето семејство. Неверојатно е колку може од нив да се научи за само неколку моменти, изјави принцот Вилијам.
Тој откри дека Џорџ и Шарлот многу се разликуваат.
- Џорџ понекогаш е вистинско „ѓаволче“, постојано ме држи на нозе, но е многу слатко момче. Шарлот не бара толку внимание, но имајте на ум дека немам сестра, така што одгледувањето ќерка за мене е многу динамично. Учам како е да се има ќерка, како да се има девојче во семејството, изјави принцот.
Принцот Вилијам го посети Виетнам за да учствува на Меѓународната конференција за илегална трговија со диви животни.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор