Бизнис
1. јуни 2017 - 12:58

Примопредавање на функцијата во МФ - Тевдовски се запозна со вработените

Во Министерството за финансии на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за финансии. 

Новиот министер за финансии Драган Тевдовски го презеде кабинетот од својот претходник Кирил Миноски кој ја извршуваше оваа функција од јуни минатата година.

По примопредавањето министерот за финансии Тевдовски изврши обиколка на секторите во Министерството и се запозна со вработените.

Тевдовски на министерското место доаѓа од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде е вонреден професор и ги предава предметите статистика за бизнис и економија, квантитативни методи во финансии, како и анализа на временски серии на последипломските студии.