Македонија
12. May 2019 - 19:46

Примопредавање на функцијата претседател на Република Северна Македонија во Вила ,,Водно‘‘

Вилата Водно доби нов станар. Со највисоки воени и државни почести сега веќе поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го пречека и му ја предаде функцијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски.

Веднаш по влегувањето во кабинетот Пендаровски работно почна да ја извршува функцијата. Прв странски државник гостин во Вилата Водно беше Претседателот на Бугарија Румен Радев, по него шефот на државата имаше билатерална средба и со првиот човек на Албанија Илир Мета, а посебно разговараше и со претставници на Црногорското, Турското и Полското МНР кои претходно присуствуваа на инаугурацуијата во собранието. Таму Пендаровски имал средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Грција Јорго Катругалос. Тој потоа на твитер објави фотографија со новиот македонски претсетадел и напиша.

-На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа, 

Пред да ја предаде функцијата на неговиот наследник  Иванов на официјалниот профил објави статус.

-Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува, напиша Иванов.

Инаку Иванов од денеска заминува во пензија, ќе има месечни приходи од околу 100.000 денари, а според законот му следува доживотна канцеларија со тројца вработени има право на лично обезбедување и користење на службено возило со возач.