Македонија
16. April 2018 - 8:20

Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани

 Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје во Шуто Оризари Ѓоко Котевски ќе потпишат меморандум за соработка со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно - уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. 

Мерките предвидуваат посета на културно-ументички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно-уметнички настани во затворот од осудениците и со гости уметници.