-->
-->
Примера:„Петка“ за Сосиедад
-->
Победите на Фенербахче и Црвена ѕвезда во Е групата, односно на Химки и Жалгирис во Ф групата, комплетирано е четвртото коло во Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига.
Фенербахче и по четвртото коло остана единствената екипа која во Топ 16 фазата има максимален учинок. Екипата за која настапува Перо Антиќ, во невообичаено ефикасена градска пресметка, славеше над Дарушафака со 106:100.
Диксон со 24, односно Јудо со 21 поен го предводеа Фенер, додека Харангоди со 22 поени беше најефикасен кај Дарушафака.
Перо Антиќ одигра 16 минути и 28 секунди, период во кој оствари учинок од три поени и по еден скок и асистенција.
Црвена ѕвезда одигра сигурно против Уникаха, во текот на целиот натпревар ја имаше предноста на своја страна,а конечниот резултат е 87:73. Меч винер беше Симоновиќ, кој во последната четвртина пооди четири тројки во серија со кои на својот тим му овозможи мирна завршница.
Јовиќ со 15, Гудуриќ со 13 и Симомовиќ со 12 поени беа најефикасни во белградскиот тим, на спротивната страна само Смит беше двоцифрен со 11 поени.
Химки лесно се справи со Бамберг и со резултат 78:61 ја забележа втората победа во Топ 16 фазата. Швед го предводеше Химки со 22 поени, додека Вонамејкер со 13 поени беше најефикасен кај германскиот тим.
Жалгирис, со новиот тренер легендарниот Шарунас Јасикевичиус, ја запиша првата победа во Топ 16 фазата. Литванскиот шампион убедливо славеше над Олимпијакос 75:55. Јанкунас со 18 поени беше најефикасен играч на Жалгирис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува