Фудбал
13. March 2017 - 8:42

Примера: Реал Мадрид повторно лидер

Екипата на Реал Мадрид со победата од 2:1 остварена синоќа над Бетис се врати на првата позиција на табелата во Примера и го искористи киксот на големиот ривал Барселона. Бетис поведе по грешката на голманот на Реал Кејлор Навас, кој си постигна автогол во 25.минута. Во 41.минута Кристијано Роналдо изедначи, а победата на „кралскиот клуб“ ја донесе Серхио Рамос во 81.минута.
 
Резултати на натпреварит од 27.коло: Депортиво – Барселона 2:1, Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 0:2, Гранада – Атлетико Мадрид 0:1, Малага – Алавес 1:2, Севиља – Леганес 1:1, Валенсија – Хихон 1:1, Еспањол – Лас Палмас 4:3 и Селта – Виљареал 0:1. 
 
Вечерва се игра натпреварот Осасуна – Еибар.
 
Табела: Реал Мадрид 62 бода, Барселона 60, Севиља 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Реал Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44,...