Фудбал
3. January 2016 - 18:03

Примера: Порази на екипите од Севиља

Двете екипи од Севиља претрпеа порази на двата попладневни натпревари од 18.коло од Примера. Бетис пред своите навивачи загуби од Еибар со 4:0, додека Севиља беше совладана од Гранада со 2:1.

На првиот натпревар одигран денеска Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад одиграа без победник 2:2.
Од 18:15 часот се играат дуелите:
Атлетик Билбао - Лас Палмас и
Депортиво - Виљареал, додека вечерва се игра дербито меѓу Валенсија - Реал Мадрид.