Фудбал
28. April 2017 - 9:20

Примера: Победи за Севиља и Атлетик Билбао

Со одигрувањето на трите натпревари синоќа беше комплетирано 34.коло од Примера. Две победи остварија домашните екипи со ист резултат – 2:1. Атлетик Билбао го совлада Бетис, а Севиља беше поуспешна од Селта. Без победник заврпи натпреварот Алавеш – Еибар 0:0.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Депортиво – Реал Мадрид 2:6, Леганес – Лас Палмас 3:0, Валенсија – Реал Сосиедад 2:3, Барселона – Осасуна 7:1, Атлетико Мадрид – Виљареал 0:1, Гранада – Малага 0:2 и Хихон – Еспањол 1:1.
Вечерва се игра првиот дуел од 35.коло меѓу Виљареал и Хихон.
Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 78, Атлетико Мадрид 68, Севиља 68, Виљареал 60, Атлетик Билбао 59, Реал Сосиедад 58,...