Фудбал
6. February 2016 - 9:56

Примера: Малага за едно полувреме „го реши“ Хетафе

 
Екипата на Малага постигна победа на првиот натпревар од 23.коло од Примера. На домашен терен Малага синоќа го совлада Хетафе со 3:0.  Головите за Малага ги постигнаа: Хуанпи (9.минута), Кристијан Ацу (23) и Чарлес (43). Со оваа победа Малага се проби на 10.место.
 
Денеска се играат четири дуели од оваа рунда:
Атлетико Мадрид – Еибар, Рајо Ваљекано – Лас Палмас, Атлетик Билбао – Виљареал, Хихон – Депортиво.
Во недела се играат натпреварите: Леванте – Барселона, Бетис – Валенсија, Селта – Севиља и Гранада – Реал Мадрид.
Во понеделник се игра последниот дуел: Еспањол – Реал Сосиедад.
 
Табела: Барселона 51 бод, Атлетико Мадрид 48,Реал Мадрид 47, Виљареал 44, Севиља 36, Атлетик Билбао 34, Селта 34, Еибар 33,...