Фудбал
3. May 2016 - 8:06

Примера: Малага го „испрати“ Леванте во Сегунда

Екипата на Малага оствари победа на последниот дуел од 36.коло во Примера над Леванте од 3:1. Со овој пораз Леванте остана само со теоретски шанси за опстанок во лигата бидејќи на две кола до крајот има шест бодови помалку од екипите на Хетафе, Хихон и Рајо Ваљекано.

Головите за Малага ги постигнаа Чоп (2) и Кастро, додека стрелец за Леванте беше Моралес.