Фудбал
23. August 2016 - 9:01

Примера: Историска победа за Легањес

Фудбалерите на Легањес и Лас Палмас ги приредија најголемите изнендувања во првото коло, во првенството на Шпанија, откако како гости славеа во Виго односно Валенсија. Првото коло го обележа спектакуларниот дуел Севилја-Еспањол (6-4) и ремито на Атлетико Мадрид против Алавас (1-1).
 
Легањес ја забележа првата победа во Примера во клупската историја со победата во Виго над Селта од 1-0. Стрелец на голот, кој ќе биде запишан во аналите на овој мал клуб од предградието на Мадрид беше Виктор Дијаз во 75.минута.
 
Изненадувачка победа забележа и Лас Палмас, кој во последниот меч од првата рунда со фантастичен пресврт победи во Валенсија 4-2.
 
Валенсија постигна гол по само шест минути преку Санти Мина, но тогаш тимот од „Местаља“ доживеа дебакл за само 15 минути.
 
Ливаја постигна гол во 16.минута за 1-1, а осум минути подцна Вијера од пенал погоди за 1-2. Одличната престава на Лас Палмас ја заокружи засилувањето Кевин Принс Боатенг кој го постигна третиот гол во 31.минута.
 
Санти Мина во 34.минута намали на 2-3, а на две минути до крајот на мечот Ливаја со својот втор гол ги постави конечните 2-4.