Фудбал
30. December 2015 - 12:50

Примера: И Шпанците ќе играат фудбал пред Нова година !

Во Примера денеска ќе се одиграат девет натпревари од 17.коло, додека оваа рунда ќе биде комплетирана со утрешниот натпревар меѓу Виљареал и Валенсија.
 
Колото ќе биде „отворено“ со двата дуела од 16 часот: Леванте – Малага и Реал Мадрид – Реал Сосиедад.
 
Во продолжение на денот се натпреварите: Севиља – Еспањол, Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид, Еибар – Хихон, Барселона – Бетис, Селта – Атлетик Билбао, Хетафе – Депортиво и Лас Палмас – Гранада.
 
Утрешниот натпревар меѓу Виљареал и Валенсија почнува во 16 часот.
 
Табела: Барселона 35 бодови, Атлетико Мадрид 35, Реал Мадрид 33, Селта 31, Виљареал 30, Депортиво 26, Атлетик Билбао 24,...