Фудбал
21. August 2016 - 9:06

Примера: Голеада во Севилја

Во дуелот од првото коло од шпанското фудбалско првенство Севилја и Еспањол одиграа еден од ткн „луд“ натпревари со дури десет голови, а на крајот домаќините славеа со 6-4.
 
 
 
 
Уште во првото полувреме беа постигнати шест голови. Гостите водеа со 1-0 и 3-2, но полувремето заврши со резултат 3-3. Во продолжението од натпреварот Севилја постигна уште три гола и се одлепи на безбедни 6-3, за гостите да успеат само да го ублажат поразот.
 
Стрелци за Севилја беа Пабло Сабриа во 15 минута, Луциано Вието во 22 и првата минута од судиското продолжување на првото полувреме, Висам Бен Једер во 66 и Хироши Кијотаке во 74 минута, додека головите за Еспањол ги постигнаа Пабло Пијати во 8 минута, Хернан Перезе во 36-та, Виктор Санќез во 44 и Жерард во 79 минута.
 
Иако на овој меч беа постигнати десет голови, тоа не е најефикасниот натпревар во историјата на шпанските првенства. Рекордот со 14 голови е постигнат во сезоната 1932/1933 година кога Атлетик Билбao го совладал Расин Сантандер со 9-5.
 
Многу голови беа видени и на „Камп Ноу“ од каде Барселона тргна во одбрана на титулата со победата од 6-2 над Реал Бетис. Првиот гол го постигна Арда Туран во 8 минута, а во 21 минута гостите изедначија преку Рубен Кастро. Но тоа како да ги разлути Каталонците, па во 37 минута гол постигна Лионел Меси кој беше прецизен и во 58 минута, а Луис Суарез новата трка по најдобар стрелец во Ла Лига ја започна со хет-трик, беше прецизен во 42, 56 у 82 минута. Рубен Кастро стрелаше за ублажување на поразот и во 84 минута.
 
Во саботата играа уште Гранада – Виљареал, а мечот заврши 1-1. Во петокот беа одиграни првите два натпревара од новата сезона во која Депортиво го совлада Еибар со 2-1, додека Малага и Осасуна одиграа 1-1.
 
Во неделата играат: Спортинг – Атлетик, Реал Сосиедад – Реал Мадрид и Атлетико – Алавес, а во понеделник Селта – Леганес и Валенсиа – Лас Палмас.