Фудбал
8. May 2016 - 19:11

Примера: Атлетико отпадна, за трофејот се борат Барса и Реал

Екипата на Атлетико Мадрид го загуби шампионскиот чекор во Шпанија откако неочекувано загуби со 2-1 на гостувањето кај Леванте. 
Со ова трката за трофејот ја продолжуваат Барселона и Реал. Каталонците  предводени од двократниот стрелец Суарез, Меси и Нејмар убедливо со 5-0 го совладаа градскиот ривал Еспањол додека Реал со 3-2 ја победи Валенсија а 2 гола беа дело на Роналдо. Барселона на коло пред крајот има бод повеќе од Реал.