Прилепскиот кризен штаб со превентивни мерки и препораки во случај на поројни дождови и невреме
Се преземаат превентивни мерки и се подигнува готовноста на расположивите ресурси во Прилеп поради најавените поројни дождови за заштита од евентуално невреме и поплави, соопштуваат од општинскиот кризен штаб при локалната самоуправа, што вчера попладнето одржа состанок на иницијатива на приелпскиот градоначалник Илија Јованоски.
Според Божидар Велески, член на кризниот штаб на состанокот се разговарало за преземање превентивни мерки за спречување на евентуалните штети предизвикани од најавеното невреме што се очекува да ја зафати нашата држава.
Се разговараше за покревање на готовноста на расположливите ресурси, преземање конкретни мерки за превенирање на штети од поголеми размери. Состанок се одржа и со претставници на јавните комунални претпријатија чии екипи се веќе на терен, изјави Велески.
Јавните комунални претпријатија формираа дополнителни дежурни екипи што ќе бидат мобилни во попладневните и вечерните часови. Лоцирани се кризните точки во градот и во околината.
-Лоцирани се неколку кризни точки, и тоа во населбата тризла зад касарната, под мостот во населбата „Димо Наредникот“, а надвор од градот е кај раскрсницата на новиот пат кон населените места Галичани-Беровци. Досега предвреме се санирани каналите, околу Градска река и не очекувме други проблеми, објаснува Велески.
Општинскиот кризен штаб апелира до граѓаните во случај на поројни дождови да не ги паркираат своите возила под дрвја и над водоводните и канализациските шахти. Истовремено, се информираат граѓаните случаите на поплавување на подрумите и домовите, или појавите на други опасности предизвикани од временските услови, да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош